Први декември - Светскиот ден на сидата
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 01 Декември 2019
Датумот беше поставен во 1988 година, на иницијатива на Светската здравствена организација, со цел да се фокусира вниманието на јавноста кон ХИВ / СИДА и да се потенцира потребата за поддршка и разбирање за луѓето кои живеат со оваа болест.
Оваа година, Светскиот ден на СИДА е насловен „Промените ги прават заедниците“.
Во светот, според Глобалната програма за СИДА, скоро 38 милиони луѓе живеат со ХИВ / СИДА, со 1,7 милиони нови случаи само во 2018 година. Повеќе од половина од сите нови инфекции се меѓу ранливите групи и нивните партнери.
До крајот на 2018 година, скоро 24 милиони луѓе кои живеат со ХИВ / СИДА добиле третман.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс