Де Ниро и Пачино повторно во ист филм, 22 години по „Жештина“

Која било листа на најголеми актери почнува со Роберт де Ниро и Ал Пачино. Резимето за двете легенди трае 50 години и истото вклучува безброј награди, класични филмови и иконски изведби.

 

Но, кога станува збор за соработката помеѓу долгогодишните пријатели, бројот е многу помал. Четириесет и пет години откако тие се појавија во The Godfather Part II (Кум втор дел), Де Ниро и Пачино се повторно се заедно во актерскиот тим за друго гангстерско ремек-дело, нивна четврта соработка на големиот екран,  The Irishman (Ирецот).

 

Иако ова е првпат Де Ниро, Пачино, Џoe Пески и режисерот Мартин Скорсезе да работат заедно, „Ирецот“ се чини како да е филм што го граделе со децении. Медиумите веќе многу пишуваат за обемната и скапа технологија за подмладување во филмот, но сето тоа е само начин на раскажување приказна за човекот и смртноста.

 

„Ирецот“, исто така, служи како средство за вистинското партнерство на Де Ниро и Пачино, сепак, со оглед на нивното вкупно заеднички поминато време на екранот и важноста на врската помеѓу Френк Шеран (Де Ниро) и Џими Хофа (Пачино).

 

„Ирецот“ неодамна почна да се прикажува на Нетфликс.

 

Во 21-та година помеѓу  The Godfather Part II и Heat („Кум Дел 2“ и „Жештина“), Де Ниро и Пачино ги зацементираа своите места во киноисторијата и се сметаат за двајца најдобри актери во Холивуд. И затоа се толку големи предвидувањата за криминалниот трилер  на писателот режисер Мајкл Ман, кој конечно ги спои двете актерски икони на големиот екран.

Гангстерскиот филм чие дејствие се одвива во Лос Анџелес е всушност игра мачка и глушец помеѓу стручниот крадец Нил Меккели (Де Ниро) и упорниот детектив

Винсент Хана (Пачино), но тие нема да се соочат лице в лице првите 90 минути од филмот, сè додека Хана не побара од Меккули да му купи шолја кафе.

 

Она што следува потоа е едноставна шестминутна сцена  на двајца мажи кои пијат кафе на вечера, разменуваат филозофии и соништа, а сепак изгледа како борба во тешка категорија исполнета со заемно почитување, што резултира во сцена што засекогаш ќе се памети.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.