(Видео) Никој не верува дека се близнаци - едното дете е бело, а другото црно
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 12 Декември 2019
Иако едното дете е бело, а другото црно, тие се близнаци. Даниел и Дејвид се родени само со една минута разлика.
„Даниел се роди прво, а потоа акушерката извика дека второто бебе има златна коса“, се сеќава Мајка Стејси. Тие се родени на 26 февруари во Лагос, Нигерија.
Нејзините синови се веќе вистински славни лица каде и да се појават. Иако нивните родители, Стејси (30) и Бабаџиде (38) се со темна боја на кожата, Дејвид е роден како албино, а Даниел има темна кожа и кадрава темна коса, исто како и нивната постара сестра, четиригодишна Демиладе. Затоа, пак, никој нема проблем околу тоа да ги разликува близнаците.
https://www.facebook.com/DailyMail/videos/1029695414049811/
Даниел и Дејвид се најдобри пријатели, цело време се заедно и заедно танцуваат.
Стејси вели дека луѓето ја прашуваат дали и двајцата се нејзини.
„Луѓето велат: 'Извинете, госпоѓо, кое бебе е твое?'. Јас само велам дека и двајцата се мои и луѓето ме гледаат како да се шегувам“, вели оваа дизајнерка на облека. И покрај ова, таа вели дека нема добиено никакви срамни коментари.
Отпрвин, признава, била шокирана, но на крајот сфатила дека е благословена што е мајка на две среќни и специјални мали момчиња.
„Се чувствувам убаво што сум нивна мајка. Се чувствувам посебно затоа што тие се и специјални. Јас ги сакам“, додава таа.
Албинизмот е недостаток на пигмент кој им дава боја на кожата и косата. Ова е наследна состојба и ако двајцата родители го носат генот, постои шанса само едно дете да има албино кај близнаците. Нема информации колку близнаци се раѓаат во оваа варијанта, но вакви случаи веќе се пријавени во Нигерија, Холандија и Мозамбик.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс