Пронајдена огромна мртва желка на островот Крк

Жителите на хрватскиот остров Крк, забележале огромна желка и веднаш се јавиле во ветеринарниот центар во Цриквеница,  од каде што двајца вработени дошле да видат што се случило со заштитеното животно главата желва.

 

Дојавата ја примила Соња Белиќ, ветеринарен техничар и член на персоналот на ветеринарниот центар во Цриквеница, која кажа дека, за жал,  не се работело за спасување. Желката веќе била мртва, затоа нејзиното тело се насукало на брегот.

 

„На 'Фејсбук' објавивме текст со фотографии од настанот за да помогнеме да ги освестиме граѓаните колку е важна заштитата на животната средина“, рече таа.

 

https://www.facebook.com/vetcentarcrikvenica/posts/2429670120582847

 

„Желката била стара, веројатно повеќе од 50 години. Тежела 49 килограми. Еден колега кој го разбира видот рече дека најверојатно била заплеткана во  рибарска мрежа. Во повеќето случаи, вака умираат желките кај нас - се заплеткуваат во мрежата или јадат пластичен отпад, што е особено акумулирано по крајот на туристичката сезона“, вели Белиќ.

 

Главата желва е вид морска желка која единствено ги населува Медитеранот и Јадранското Море. Одвај се забележуваат затоа што живеат во подлабоки делови на морето што се подалеку од брегот. Не смеат да се ловат затоа што се заштитени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.