Ветеринарите советуваат да не се облекуваат милениците со смешни облеки и капи на празниците
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 24 Декември 2019
Британски ветеринари советуваат да не се облекуваат милениците со смешна облека и капи, бидејќи ќе им се предизвика непотребен стрес.
Пазарот нуди најразлична облека за миленици. Но, облекувањето во Божиќни џемпери, маскирање како Дедо Мраз или ставање капи на главите им предизвикува неоправдана болка. Овие промени ги ограничуваат движењата на домашните миленици и ги фрустрираат.
Во такви услови, милениците се под стрес и честопати бараат засолниште на помирно и скриено место.
Шаловите околу вратот или панделките можат да бидат посебно опасни.
Единствената облека со која може да се облечат милениците е таа што ја одобруваат ветеринарите. Тоа се специјалните маички кои се облекуваат за да ги зашти од рана што треба да се лекува.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс