
Јапонскиот пасош најсилен во светот, македонскиот на 47. место
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 08 Јануари 2020

Најсилниот пасош во светот е јапонскиот, чии сопственици може да патуваат без виза во 191 земја, а од регионот најдобро котира хрватскиот пасош, на 20. место, според индексот на компанијата „Хенли и партнери“ за оваа година.
Истражувањето на „Хенли и партнери“ ја испитува силата на пасошот од колку земји може да патуваат неговите сопственици без виза, пренесува Index.hr.
Пасошот на Србија е на 39. мресто, на Црна Гора е на 46., веднаш потоа на 47. место е пасошот на Северна Македонија, 52. место го зазема пасошот на Босна и Херцеговина, а пасошот на Косово е на 99. место.
По јапонскиот пасош, следуваат пасошите на Сингапур, Јужна Кореја, Германија, Италија, Финска, Шпанија, Луксембург и на Данска.
Најслаб е авганистанскиот пасош, со кој може да се патува без визи во само 26 земји.
Ирачките и сириските пасоши, сомалиските и пакистанските документи, како и пасошите од Јемен и Либија се рангираат малку подобро.
Во однос на минатата година, американските и британските патнички документи паѓаат на рангот, така што и двете земји сега се на осмото место и со нивните пасоши може да се патува без
визи во 184 земји.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
