Адмирал

Термин на емитување: сабота во 21:00 и вторник 17:40 часот.

 

Адмирал е руска воена и историска драма со елементи на романса од 2008 година. Филмот, кој ги следи последните години од животот на рускиот вице-адмирал и подоцнежен лидер на Белата армија Александар Колчак, се провлекува низ историските настани во Русија од почетокот на 19 век и романтичната приказна за главниот актер со поетесата Ана Тимириева.

Сценариото е напишано од Владимир Валучки и Зоја Кудрја, а режисер е Андреј Кравчук.

Со буџет од над 20 милиони долари, „Адмирал“ е еден од најскапите руски филмови во историјата.

Кравчук го опиша овој филм со зборовите: „Ова е филм за човек кој покажува дека активно создава историја, човек кој продолжува да се бори и покрај превирањата, човек кој ја чува својата чест и достоинство, човек кој продолжува да сака.„

Поради големиот успех на филмот, на крајот на 2009 година беше направена сериска верзија од 10 епизоди во траење од по 48 минути, кои премиерно ги емитуваме на ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА секоја сабота во 21:00 часот.

Главните улоги ги толкуваат Константин Хабенски и Јелисавета Бојарска.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.