Врати ми ја љубовта - фантастична мелодрама премиерно на ТВ МТМ

Од понеделник до петок  во 21:00 часот премиерно на ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА следете ја топлата приказна од најголемата и најстудената земја на светот. Приказна за љубовта и патот на една млада девојка кон остварување на своите соништа.

 

Вера е млада, убава и наивна сиромашна девојка, чија најголема страст е свирењето на нејзиниот омилен инструмент - виолончело. Нејзиниот живот се менува кога запознава двајца млади мажи, кои воопшто не личат еден на друг. Едниот е Влад, млад сликар, весел и добродушен, а другиот е Антон, манипулативен, свиреп и болно амбициозен бизнисмен.

 

 

Таткото на Влад е господинот Сергеј Орлов, богат и моќен човек. Влад никогаш не му опростил на татка си што ја напуштил неговата мајка. Од друга страна, Антон е женет со Илиона, ќерката на господинот Сергеј и сестра на Влад. Негова единствена цел е да ја преземе семејната компанија и наследство, така што ќе го лиши Влад од тоа.

 


Поради својата наивност, Вера му дава предност на Антон и силно се вљубува во него. Дури откако дознава дека тој е женет човек, решава да ја продолжи аферата со него како негова љубовница, затоа што нејзиното срце веќе го одредило патот на љубовта. Но, за нивната забранета врска ќе дознае хистеричната и злобна Илиона, која решава да ѝ одржи лекција на љубовницата на нејзиниот сопруг. И за тоа го бира најсвирепиот начин. Неконтролирајќи ги сопствените емоции, Илиона ќе ја претепа Вера, така што силно ќе ја повреди нејзината рака. Сега, Вера никогаш повеќе нема да може да свири на виолончело. Подоцна, Вера дознава дека е бремена. За руската страдалничка, следуваат уште потешки времиња - таа го губи детето, завршува во затвор, нејзината мајка умира во сообраќајна несреќа, а татко ѝ останува парализиран.

 

 

По многуте несреќи, за неа единствена поддршка ќе стане добриот Влад. Ќе може ли нејзиното срце повторно да љуби, но овојпат вистински, искрено и бескрајно?





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.