Ексклузивно на МТМ - ПРВА СКОПСКА започнува втората сезона на серијата „Тајните на младите благороднички“

Поради големиот успех и гледаност, ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА ќе ја емитува втората сезона од серискиот филм „Тајните на младите благороднички“.

Новата сезона започнува на 07.01.2022 година. Во актерската екипа има промени, главниот лик Александар Арсентиев е заменет со актерот Сергеј Астахов. Серијата носи и други изненадувања...

Улоги: Александар Арстентиев, Алиса Согепина, Ксенија Хаирова, Иван Колесников, Алена Созинова, Екатерина Естахова ...

Не пропуштајте ги возбудливите епизоди секој работен ден во 21:00 часот.

 

 

Продолжува сагата за младите благороднички, сагата за едно далечно време кога мажите преку двобој ја бранеле честа на девојките, девојките наликувале на хероини од романите на Толстој, а љубовта успевала да ги надмине сите конвенции и перипетии од општеството.

 

 

По сите авантури и борба за љубов, Софија е веќе мажена за грофот Владимир и во новите продолженија ја гледаме како директорка на познатиот Институт за млади благороднички.

 

 

Во центарот на новите случувања се нови девојки, кои ги очекуваат непредвидливи, но и опасни ситуации. Лиза е една од новите благороднички, која решава да побегне со својот сакан Орлов, да се омажи и да ја напушти Европа.

 

 

Пред да замине, таа им остава порака на пријателките каде ќе биде венчавката, но таа црква всушност не постои и девојките сфаќаат дека Лиза е киднапирана.

Овојпат, грофицата Софија и нејзиниот сопруг ќе ги превземат работите во свои раце за да ја спасат Лиза, но и да се изборат со сите криминали и тајни кои ги носи новото време во интернатот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.