Оставете ги слатките и подгответе се за „Фитнес“ на МТМ - 1-ва СКОПСКА ТВ
- Детали
- Категорија: Серии
Оставете ги слатките и подгответе се за „Фитнес“ на МТМ - ПРВА СКОПСКА ТВ.
Од 3 март на најдобрата скопска телевизија МТМ започнува нова руска хумористична серија. Затоа, бидете одлучни и намалете го вишокот на килограми.
Подгответе се за смеа и забава, но и малку вежбање со рускиот хит ситком "Фитнес", од понеделник до петок во 22 часот.
Што се случува кога една девојка со поприлично вишок килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе. Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја - да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.
Згодите и незгодите во фитнес центарот, следете ги на малите екрани. Оставете ги слатките и фатете се за теговите!
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс