Во "Карантин" гледаме како една ѕвезда ја проживува пандемијата

Нешто ново и свежо на Телевизија МТМ! Како проживува една ѕвезда во пандемијата, гледаме во руската хумористична серија "Карантин", секој работен ден во 22:00 часот и репризно во 16:50 часот.

 


 

Како познатиот руски актер Димитри Нагиев ќе се справи со карантинот? Ќе успее ли да го надмудри законот или ќе мора да ги испочитува сите протоколи што ги бара новиот вирус?

 

 

Последните 10 години работел деноноќно и неуморно, а сега одеднаш испаѓа од вообичаениот ритам на животот и се наоѓа во новата нормалност. Постојаната промена на студија, филмски сетови, градови, преноси - сè одеднаш престанува. Наоѓајќи се во непознат амбиент на тишина и негрижа, Нагиев отвора нови хоризонти на човештвото.

 

 

Сега, додека е во самоизолација, тој наводнува цвеќиња, комуницира со курири, сади компири во случај на развој на пандемијата, подготвува храна, организира лајвови од теретана, комуницира со астролог и работи со своите деца. Ќе успее ли да се навикне на новата нормалност или сепак како и секоја ѕвезда си го бара своето ѕвездено небо на слобода, богатство и скандали.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.