Демони - нова серија на МТМ прва скопска тв

Дејството се одвива во руската империја во 1870-тите. Работите се менуваат драстично во еден мирен мал град кога аристократот Николај Ставрогин и политичкиот опортунист Пјотр Верховенски се враќаат од Санкт Петербург. 

Ставрогин постојано се наоѓа во центарот на скандали, тепачки и дуели. Тој е згоден млад човек, зависник од секс, кој ги крши срцата на девојките околу него.

Верховенски, пак, е интелектуалец и циничен човек, кој со самото доаѓање воспоставува „тајно општество“ и шири хаос и очај меѓу жителите.

Двајцата млади херои ја менуваат судбината на гратчето, по што следуваат низа трагични и неочекувани настани.

Доаѓа време страв во градот, а жителите се чувствуваат беспомошни од инвазијата на „демоните“.

Гледајте ја мини серијата премиерно од понеделник во 21:50 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.