(ВИДЕО) Селма Хаек во прилично смело издание на премиерата на „Магичниот Мајк 3“ во Мајами

Селма Хаек ѝ остави малку на фантазијата кога се појави на премиерата на „Последниот танц на магичниот Мајк“ (Magic Mike’s Last Dance) во Мајами во средата во придружба на главниот протагонист Ченинг Тејтум.

На црвениот тепих актерката (56) ги разголе своите облини во смел црн мрежест фустан, кој ја открива долната облека и фигурата на песочен часовник од глава до петици.

Фустанот е прекриен со живописни цветни апликации давајќи му на смелиот изглед женствен допир.

„Последниот танц на магичниот Мајк“ е третиот во серијалот филмови што ги следи животите на неколку мажи стриптизери и сопственици на мали фирми, а Ченинг Тејтум го глуми титуларниот лик.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.