Филм за турнејата на Тејлор Свифт набргу ќе пристигне во кината во 100 земји

Филм за концертната турнеја на поп-ѕвездата Тејлор Свифт пристига во киносалите во Америка и во светот на 13 октомври, објавија во вторникот дистрибутерот „Еј-ем-си“ и Свифт.

Дистрибутерот планира филмот, со наслов „Тејлор Свифт: Турнејата Ерас“ (Taylor Swift: The Eras Tour), да се прикажува во 100 земји.

„Турнејата не е единственото нешто што сакаме да се случи во светот“, напиша пејачката на „Инстаграм“.

„Многу сум возбудена што можам да ви кажам на сите дека концертниот филм The Eras Tour официјално доаѓа во кината во светот на 13 октомври!“, додаде таа.

Според медиумите, Свифт (33), најверојатно, ќе заработи милијарда долари од турнејата, првпат во историјата. Филмот би требало да заработи повеќе од 100 милиони долари во првиот викенд во северноамериканските кина, што не се памети за концерт што се прикажува во киносали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.