Зошто принцот Вилијам не носи бурма

За фотошопираната фотографија на принцезата Кејт не престанува да се зборува. Секојдневно кружат нови теории на заговор, а многу фанови забележаа дека Мидлтон (42) не ги носи својот иконски свршенички прстен од сафир и дијамант и златниот венчален прстен на контроверзната фотографија.

 

„Мирор“ објави дека канцеларијата на Кејт одговорила на прашањата за својот прстен велејќи дека „кралското семејство било дома кога е направена фотографијата“. Принцезата секогаш носи прстени во јавност, но нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, долго време не носи бурма.

Принцот Хари, на пример, секогаш го носи својот прстен. Ова доведе многумина да се запрашаат дали има проблеми во бракот на принцот и принцезата од Велс. Но, според британските медиуми, нема причина за загриженост. Вилијам, едноставно, не сака никаков накит.

Еден месец пред неговата венчавка со Кејт беше објавено дека тој нема да стави прстен на раката за време на размената на заветите.

„Тој не е за накит. Никогаш не го носел. Сам одлучил да не носи ниту бурма, тоа е негов личен избор“, рекол извор близок до палатата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.