Кејт првпат видена во јавност со Вилијам, велат извори за кралската двојка

Јавноста, која е загрижена за здравјето на Кејт Мидлтон, може делумно да здивне бидејќи, како што објави „Дејли мејл“, принцезата од Велс изгледала среќно, здраво и опуштено за време на патот до локалната земјоделска продавница.

„По сите шпекулации што кружеа наоколу, бев изненаден кога ги видов таму. Кејт беше во шопинг со Вилијам и изгледаше среќно и добро”, рекол извор, кој ја препознал кралската двојка првпат во јавноста по операцијата на абдоменот на принцезата.

„Децата не беа со нив, но ова е добар знак бидејќи принцезата беше доволно здрава за да дојде во продавницата“, рекол изворот. Иако кралскиот пар не беше фотографиран, за многумина оваа вест е охрабрувачки знак дека принцезата ги прави првите чекори за враќање на кралските ангажмани.

Повторно се шпекулира со тоа кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на своите обврски – некои веруваат дека тоа ќе биде на самиот Велигден, други дека ќе биде по Велигден, а трети веруваат дека принцезата ќе им се врати на кралските обврски и пред Велигден. Сепак, извор од палатата не ги потврди шпекулациите.

Отсуството на Кејт Мидлтон ги разбранува социјалните мрежи и многу од нив ги разбудија теоретичарите на заговор, па некои тврдеа дека, всушност, била во кома, а други мислеле дека кралското семејство ја отуѓило.

„Она што се случува е токму она што рекоа дека ќе се случи – таа ќе биде во болница две недели и ќе се врати по Велигден“, изјави извор близок до кралската двојка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.