Почина Бора Чорба: легендарниот пејач ја загуби битката со тешкото воспаление на белите дробови

На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“.

 

Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена, поради влошената состојба, бил ставен на респиратор.

 

Инаку, тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија поради што го откажал концертот во Ниш.

 

„Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата пригода“, им порача тогаш Бора на организаторите.

 

За жал, сега не успеа да ја добие битката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.