Бора Чорба и Балашевиќ биле неразделни, но поради конфликт, 40 години не зборувале

Легендарниот музичар Бора Чорба почина денеска на 72-годишна возраст. Прославениот српски рокер е познат не само по песните што освојуваа генерации, туку и по остриот јазик и мислењето, кое не се двоумеше да го искаже во ниедна ситуација.

 

Така, пред 40 години дошло до конфликт меѓу него и покојниот Ѓорѓе Балашевиќ, со кој некогаш тесно соработувал.

 

Тие ја почнаа својата конекција работејќи заедно во раните фази од своите кариери. Конфликтот меѓу нив почна уште во седумдесеттите години кога Балашевиќ ја критикуваше песната „Кукла од насловната страница“ на групата „Рани мраз“, во која членуваше Бора.

 

Поради несогласувања за оваа песна, Бора ја напушти групата, ја прекина соработката со Балашевиќ и ја основа групата „Рибја чорба“.

 

Меѓутоа, конфликтот ескалирал и легендарните пејачи почнале јавно да се прозиваат меѓу себе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.