(Видео) Најубавиот стан во Европа: брачна двојка, архитекти, направиле рај од 55 квадратни метри од користени материјали
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 13 Септември 2024
Секој има потреба од приватност и изолација во своите четири ѕида, каде што може да се релаксира по напорниот ден. Некому му се доволни 30 квадрати за да опреми дом по вкус, а некому ни 100 не се доволни за да бидат среќни и задоволни.
Меѓутоа, кога некој има желба да уреди дом според своите идеи, ништо не може да му застане на патот. Кога некој ќе спомне стан од 55 квадрати, многумина ќе речат дека е просечен, а можеби и помал од она што е потребно за живеење. Но, за оние што знаат паметно да го средат, оваа бројка е сосема доволна за домување.
Овој стан од 55 квадратни метри се наоѓа во Мадрид, во срцето на Шпанија, а е во сопственост на брачната двојка Патриша и Рикардо. Двајцата се архитекти и го опремиле токму како што замислиле и ако ги прашате – ова им е сосема доволно.
Тие користеле огледала за да создадат впечаток на дополнителна ширина, особено во ходниците, а станот, генерално, го опремувале со материјали што ги донеле од својата работа. Интересно е што од еден блок направиле полица за книги, а во еден од трупците има цвеќиња.
Ја изградиле кујната по принципот на отворени полици и многу светлина. Се потрудиле паметно да го искористат секој сантиметар од просторот, а за двајцата 55 квадрати се сосема доволни за живеење. Многу се труделе светлината да биде приоритет бидејќи така и самиот стан ќе добие во големина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс