Бледа кожа и празен поглед, фановите забележаа дека Меконахи не изгледа исто

Минатата недела се одржа гала-вечер наречена Caring for Women, која собра многубројни познати личности од светот на филмот, модата и забавата. На настанот се појавија и актерот Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвес, а најмногу внимание привлече промената на неговиот изглед.

 

Некои веруваат дека обликот на носот му е поинаков и дека очите му ја смениле бојата. Други забележале дека неговото лице повеќе не изгледа исто. Актерот изгледаше невообичаено сериозно и замислено.

 

 

Изгледаше бледо, а погледот му се чинеше отсутен, како да гледа во вселената, што ја зголеми загриженоста кај фановите.

 

„Дали тоа е природен процес на стареење? Како што старееме, нашиот изглед се менува и масата на телото се намалува“, коментира еден корисник. „Ова не е тој“, напиша друг. Некои веруваат дека препаратот ‘оземпик’ е одговорен за промените, а други претпоставуваат дека неговата нова улога во филмот The Rivals of Amziah King е причина за неговиот сериозен изглед и слабеење.

 

Пластичниот хирург Реза Насаб изјави дека изразените црти на лицето на Меконахи се резултат на слабеење, а не на пластична хирургија, пишува „Дејли мејл“. Насаб тврди дека актерот ослабел, што довело до поизразени црти на лицето.

 

„Мислам дека промената на големината и обликот на неговиот нос и тенките образи се резултат на слабеење. Кога некој ќе изгуби значително количество тежина, намалувањето на маснотиите на лицето може да ги направи поизразени цртите на лицето, вклучувајќи го и носот“, објасни тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.