Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството: „Немав веќе интерес за тоа“

Американската актерка Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството пред десет години.

 

Последните филмови во кои актерката се појави се Annie, The Sex Tape и The Other Woman.

 

Актерката ќе се врати во филмскиот свет в година во акционата комедија на „Нетфликс“, Back in Action, заедно со Џејми Фокс.

 

Тоа ќе биде првиот филм во кој таа ќе се појави во 11 години. Како што објасни, се повлекла од Холивуд за да се посвети повеќе на семејството и да почне неколку претприемачки проекти.

 

„За мене, тоа беше неопходна работа. Чувствував дека морам да го сторам тоа за да ја вратам контролата врз мојот живот. И, искрено, не ми беше грижа за ништо друго“, рече Дијаз, пренесува „Вараети“.

 

Таа исто така објасни дека ниедна од понудите што ги добила во тоа време не била доволно добра за да ја промени одлуката.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.