Една од најубавите жени на светот бремена на 44 години
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 30 Октомври 2024
Познатата манекенка Жизел Бундхен е бремена! Една од најубавите жени на светот чека дете на 44 години, како што пренесува „Пипл“.
44-годишната манекенка и нејзиното 35-годишно момче Хоаким Валенте го очекуваат своето прво заедничко дете. Тоа ќе ѝ биде трето дете на манекенката.
„Жизел и Хоаким се многу среќни“, изјави извор близок до парот за споменатиот медиум.
По разводот со Том Брејди, манекенката во 2023 година стапи во врска со Хоаким Валенте.
Жизел има две деца од претходниот брак.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс