Иванка Трамп го привлече вниманието со својот изглед, се појави во костим од 920 евра
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 07 Ноември 2024
Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп, која беше негова десна рака во минатиот мандат, се појави со другите деца на Трамп на сцената за да му даде поддршка на својот татко за време на неговиот победнички говор на изборите за претседател на САД.
43-годишната Иванка се појави на сцената во конгресниот центар „Вест Палм Бич“ на Флорида со својот сопруг Џаред Кушнер, а за таа пригода избра костим во кралско сина боја.
Иванка, инаку позната по својот елегантен стил, за оваа пригода избра кадифен костим од француската модна куќа Zadig & Voltaire, кое се состои од сако и панталони со крој во форма на ѕвонче.
Инаку, на официјалната веб-страница на брендот пишува дека цената на сакото е 575 евра, а панталоните чинат 345 евра. Покрај костимот од 920 евра, таа модната комбинација ја заокружи со сина свилена кошула, обетки и црвен кармин.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс