(Видео) Џеј Ло ги однесе децата во ресторан, обезбедувањето направи инцидент на паркингот

Пејачката Џенифер Лопез (55) ги однела близнаците Ема и Макс на ручек во ресторанот „Нобу“ во Лос Анџелес.

 

 

Со нив бил и нејзиниот менаџер Бени Медина, но судејќи по видеото што се шири на интернет, изгледа дека она што Џеј Ло го замислила како мирен семеен излет завршил во прилично тензична ситуација.

 

На видеото објавено на „Јутјуб“ се гледа како обезбедувањето на ресторанот им приоѓа на насобраните фотографи велејќи им да го напуштат имотот. По ручекот, Џенифер го напуштила ресторанот и со децата се упатила кон автомобилот, а обезбедувањето повторно било принудено да интервенира кај фотографите.

 

Додека тие продолжиле да ја фотографираат пејачката, обезбедувањето овој пат им рекло малку погрубо да се оддалечат. Снимката потоа станала малку хаотична поради тресењето на камерата, а во еден момент може да се слушне како еден од фотографите се жали дека маж го удрил по лицето. Обезбедувањето станало погласно во неговите приговори велејќи дека следниот пат ќе повика полиција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.