(Видео) Младата пејачка Јана Мрческа ја објави својата прва песна

Седумнаесетгодишната Јана Мрческа од Прилеп дебитираше на овогодишното издание на Макфест со својата прва песна. Како најмлад учесник оваа година, Јана се претстави со песната „Убава и Храбар“.

 

 

„Музиката од секогаш живее во моето срце. Таа е нешто што ме исполнува и што ме прави среќна. Кога музицирам, имам настап или пеам се чувствувам како вистинската јас. Таа е мое мало место каде што се чувствувам слободна“, рече

 

Јана и додаде дека „Макфест“ за неа е едно од поголемите искуства исполнето со многу енергија и забава.

 

„Убава и Храбар е песна која има големо значење за мене. Најпрвин затоа што е моја прва официјална песна, а потоа затоа што јас доста се пронајдувам во неа од текстот, па се до музиката“, вели Јана.

 

Музиката и аранжманот за првата песна на Јана се на Иле Спасев, додека пак текстот е напишан од Борче Нечовски.

 

Јана Мрческа за песната изработи и официјален видео спот кој е снимен во Скопје од страна на Јордан Ѓорески.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.