Како Меланија Трамп ја одржува линијата: никогаш не јаде сурова риба, сака зеленчук и овошје
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 11 Ноември 2024
Поради нејзината завидна фигура, многумина ги интересира што јаде Меланија Трамп и како ја одржува витата линија.
Првата дама на Америка во своите мемоари откри кое јадење никогаш не го јаде кога патува. „Дадов до знаење дека не јадам сурова риба“, рече таа. Имено, кога Доналд Трамп и таа беа во официјална посета на Јапонија, таа јасно им порача на вработените да не ѝ носат суши на масата.
„Сè уште се обидував да пробам локална кујна секогаш кога е можно. Таа вечер во Токио оброкот беше одличен спој на вкусови и текстури и беше најдоброто претставување на јапонската кујна. Ги задоволи моите преференции“, напиша таа.
Меланија следи здрава исхрана и не сака диети. Пред неколку години во интервју за „Џи-кју“ таа откри дека денот го почнува со смути или овесна каша за појадок.
Нејзината цел е да јаде најмалку седум парчиња овошје дневно, но таа не се одрекува од слатките. Иако се храни здраво, понекогаш се препушта на чоколадо, сладолед или „кока-кола“.
„Немам одредена закуска што секогаш ја јадам. Ако ми се јаде, би грицкала овошје или чоколадо. Мислам дека тоа е она што му треба на телото. Добро е одвреме-навреме да се задоволувате со вашата желба сѐ додека ги балансирате тие работи со здрава исхрана“, рече таа.
За ручек најчесто јаде разни салати, а за вечера месо и зеленчук. Меланија пие многу вода за да остане хидрирана и никогаш не претерува со мрсна или висококалорична храна.
За да остане во форма, таа вежба секојдневно во својот дом, најчесто наутро. Таа рече дека прави пилатес, дома шета со тегови на глуждовите и игра тенис. По раѓањето на синот Барон, манекенката откри дека здравата исхрана и часовите по пилатес два-трипати неделно ѝ помогнале да се врати во форма.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс