Синди Крафорд, една од најубавите жени на светот, покажа како изгледа без шминка
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 13 Ноември 2024
Поранешниот модел Синди Крафорд ги изненади своите следбеници на „Инстаграм“ со фотографија без шминка. Таа се фотографира како лежи во креветот во опуштен и сосема природен изглед, облечена во бела ноќница.
Беше јасно дека на нејзиното лице нема ни трага од шминка, што покажуваше дека Синди не се срами од својот природен изглед. Во прилог на тоа говори и фактот дека таа во неколку наврати споделувала вакви фотографии на мрежите.
„Сè уште изгледаш убаво, Синди“, „Твојата кожа изгледа совршено“, „Најубавата жена на светот“, „Каква божица си“, „Ти си неверојатно убава“, „Толку убава без шминка“, „Убавина како ниедна друга“, ѝ напишаа во коментарите воодушевените обожаватели.
Многумина особено ја коментираа нејзината кожа пофалувајќи го нејзиниот младешки изглед. Судејќи по коментарите и бројот на комплименти, изгледа дека и на 58 години повеќето ја сметаат за една од најубавите жени на светот.
„Изгледаш божествено“, „Опседната сум со тебе“, „Конечно, некој чие лице не е целосно истегнато. Природна убавина“, „Мојот омилен супермодел“ и „Убава и природна како и секогаш“ се дел од многуте коментари.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс