Парис Хилтон: Се гордеам што сум сосема природна, се криев од сонцето
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 25 Ноември 2024
Парис Хилтон за време на гостувањето во шоуто „Зак Санг“ изјавила дека никогаш не била подложена на никакви козметички зафати.
„Се гордеам што сум целосно природна. Се држев настрана од сонцето. Никогаш не сум инјектирала ботокс, ниту сум имала каква било операција”, изјавила 43-годишната манекенка и претприемач.
Таа додаде дека мајка ѝ ја научила како да се грижи за својата кожа во детството. „Кога имав осум години, мајка ми ми рече: Парис, биди подалеку од сонцето“.
„Потоа ме внесе во неверојатна рутина за нега на кожата од 10 чекори, па буквално го правам тоа од својата осма година“, додаде таа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс