Сабрина Карпентер раскина со познатиот актер, се шпекулира дека ја изневерил
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 05 Декември 2024
Пејачката Сабрина Карпентер (25) и актерот Бери Кеоган (32) раскинаа по една година врска, пишува Пипл. Извор близок до парот ја откри и причината за раскинувањето.
И двајцата се млади и фокусирани на кариерата, па решија да одморат“, коментира изворот. Веста за нивното раскинување предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
„Срцето ми е скршено“, „Ова е тажно да се слуша“, „Ова не го очекував“, напишаа фановите на Икс.
Неколку од нив истакнаа дека и двајцата можат да најдат подобри партнери, а други веќе го очекуваат албумот на Сабрина на тема скршено срце. Сепак, многумина шпекулираат дека сето тоа е предизвикано од неверството на Бери.
Имено, на интернет веќе некое време кружат гласини дека Кеоган ја изневерувал Сабрина со „русокоса девојка, прилично популарна инфлуенсерка од ЛА“. Некои шпекулираат дека тоа е тиктокерката Бреки Хил, која сподели неколку видеа на тема раскинувањето на Сабрина и Бери.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс