Србите објавија кој ќе се натпреварува за да оди на Евровизија

Радиотелевизија Србија ги објави изведувачите кои ќе се натпреваруваат на изборот за песна за Евровизија и имињата на нивните песни.

 

Победникот на натпреварот ќе ја претставува Србија на Евросонг во 2025 година во Швајцарија.

 

Од 222 пријавени песни, 30 ќе бидат во конкуренција.

 

Натпреварот се одржува во три вечери. Полуфиналните вечери ќе бидат на 25 и 27 февруари, а во секое шоу ќе учествуваат 15 натпреварувачи. Најдобрите осум од секое полуфинале ќе се пласираат во финалето кое ќе се одржи на 1 март.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.