„Воцап“ воведува нова опција, ќе ве нервира ако имате навика да ги игнорирате пораките
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 11 Декември 2024
„Воцап“ ќе се погрижи да престанете да ги игнорирате пораките.
Апликацијата најави ново ажурирање што носи функција за потсетник за непрочитана порака. Претходно, тие испраќаа само потсетници за ажурирање на статусот на одредени контакти, главно оние со кои најмногу комуницирате.
Со новото ажурирање „Воцап“ ја проширува оваа функција за да ги потсети корисниците на непрочитаните пораки од контактите. Функцијата моментно се тестира.
Овие потсетници се испраќаат за пораки од луѓето со кои најмногу разговарате. Ако оставите непрочитана порака, „Воцап“ ќе ве извести за да не заборавите да одговорите. Апликацијата користи алгоритам за избирање на овие контакти врз основа на тоа колку често комуницирате со нив.
Меѓутоа, ако повторно ја инсталирате апликацијата, овие податоци ќе се ресетираат бидејќи не се зачувани во резервни копии или на серверите на „Воцап“. „Воцап“ исто така тврди дека потсетниците се релевантни и корисни и дека не се направени за да ги нервираат, туку да им помогнат на корисниците.
Забележано е дека оваа функција би можела да биде особено корисна за деловните субјекти, кои најчесто комуницираат со своите клиенти преку „Воцап“. Сега апликацијата ќе ги потсети ако не одговорат на клиентот, што би можело да ја подобри комуникацијата на компанијата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс