Двајца вработени во хотелот во Буенос Аирес се под истрага за смртта на Лијам Пејн
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 11 Декември 2024
На двајца вработени во хотелот Касасур во Буенос Аирес, каде што престојувал Лиам Пејн, им било кажано дека се под официјална истрага, со што истрагата за неговата смрт е проширена на пет лица, пренесува аргентинскиот портал Infobae.
Судијката Лора Бруниард донесе одлука истрагата за смртта на британскиот пејач кој падна од третиот кат во хотелот да ја прошири на уште двајца вработени во хотелот и им порача да ангажираат адвокати и дека ќе треба да дадат изјави.
Еден од нив е рецепционерот Естебан Рејналдо Граси, кој се јавил на 911 кога се случила несреќата и бил еден од тројцата мажи кои го однеле Лиам низ ходникот непосредно пред трагедијата.
Според локалните медиуми, обвинителите ги разгледуваат обвиненијата за убиство од небрежност против вработените во хотелот кои биле снимени како го носат Лиам од фоајето непосредно пред да падне од балконот.
Однесувањето на персоналот и нивната одлука да не го остават пејачот во фоајето додека чекаат помош, покрена сомнеж. Вработените во хотелот ќе бидат сослушани следната недела, меѓу 17 и 19 декември, а наскоро се очекуваат коментари од државните правобранители.
Потсетуваме, три недели по смртта на поранешниот член на One Direction, обвинителите ја отфрлија можноста за самоубиство како причина и изјавија дека тој најверојатно бил во несвест кога паднал од балкон.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс