(Видео) „Пекол и рај“ – нова песна на Огнен Здравковски
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 23 Декември 2024
„Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја песната, гледајте го спотот, почувствувајте ја приказната и дозволете да ве освои. Вашите мислења и коментари ми се најбитни и ме инспирираат за песните што следуваат. Погледнете, слушајте, споделете и коментирајте како ви се допаѓа! Уживајте и ширете љувов!“, е пораката што Огнен Здравковски ја напиша под новото парче музика кое реши да ѝ го претстави на јавноста, а кое значи почеток на едно ново поглавје во неговата музичка кариера.
Насловот на новата композиција е „Пекол и рај“ и всушност станува збор за песна со љубовна тематика потпишана од негови колеги, а кога врвни музичари стојат зад ваков проект тогаш не може да имате лош финален производ. Напротив, композцијата зад која како автори се потпишуваат Александар Тарабунов – музика, Зоран Зонде Стојановски – текст и Димитар Андоновски, кој освен што се потпишува зад аранжманот е задолжен и за миксот и мастерингот, не може да биде ништо друго освен музичко совршенство.
За приказната да биде комплетна придонесува и видеото снимено со продукцијата Sneak Media. Кадрите се снимени во Белград под режисерската палка на Никола Суњевиќ, а во нив освен Оги се појавува и Јања Станојевиќ.
– „Пекол и рај“ е песна која стилски е многу поразлична од сето она што го имам снимено досега. Со Тара, Диме и Зонде се дружиме приватно, се разбираме, се познаваме и тие ми направија песна каква што одамна посакував. Ги слушнаа моите желби и добив парче какво што одамна посакував, парче во кое верувам и парче кое значи еден нов многу поразличен и позрел Огнен, вели Оги и открива дека периодот што следува за него ќе значи многу работа затоа што веќе некое време интензивно работи на нов материјал.
Планот, како што појаснува, е на јавноста песните да ѝ ги претставува една по една, па годината што е пред нас да ја заокружи со еден убав проект.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс