
Ѕвездата на „Сексот и градот“ изгледа непрепознатливо по скандалот
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 21 Февруари 2025

Светски познатиот актер од „Сексот и градот“, Крис Нот, кој се повлече од јавниот живот во 2021 година по многуте обвинувања за сексуален напад, е снимен со своето семејство.
Нот (70) е фотографиран во студиото „Универзал“ со сопругата Тара Вилсон и нивниот син Китс.
На фотографиите до кои дојде „Дејли мејл“, Ѕверката не личи на себе.
Нот не се појави во јавноста по обвинувањата за сексуален напад против него во 2021 година. Првин го обвинија две, па уште две жени, но во ниеден случај не беше поднесена пријава.
Неговите колешки од „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, издадоа соопштение истиот месец кога беа објавени обвинувањата против него.
„Длабоко сме тажни што ги слушнавме обвинувањата против Крис Нот. Ги поддржуваме жените што се јавија и ги споделија своите болни искуства. Знаеме дека е многу тешко да се изнесат такви тврдења и ги фалиме за тоа“.
Нот жестоко ги негира сите обвинувања иако призна дека имал вонбрачни афери. Притоа тој сугерира дека зад сè стојат пари и дека тоа им е најсилниот мотив на жените што го обвинуваат.
Во интервју за „Ју-Ес тудеј“ во 2023 година тој рече дека се надевал оти ќе се врати на работа, но имал тешкотии да го стори тоа.
„Луѓето се плашат од сето ова. Стравот е оперативен збор кога станува збор за тоа дали веруваат или не. Само морам да продолжам. Грубо е, бидејќи луѓето се исплашени, а стравот ги тера. А јас само треба да продолжам бидејќи сè уште имам креативен живот“, рече Нот. Продуцентите на серијата And Just Like That го исфрлија од проектот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
