
Канје Вест се предомисли: „Сфатив дека не сум нацист“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 21 Февруари 2025

Канје Вест (47) сега тврди дека „не е нацист“, и покрај тоа што на почетокот на овој месец предизвика бес во јавноста тврдејќи го токму спротивното.
На почетокот на февруари, раперот го изрази своето воодушевување од Адолф Хитлер на платформата X (поранешен Твитер) и отворено напиша: „Jас сум нацист“.
Покрај тоа, тој почнал да продава маици со свастика на својата онлајн продавница, а подоцна тврдел дека заработил дури 40 милиони долари.
Сепак, Канје оттогаш ги избриша контроверзните објави и сега се чини дека се враќа на своите претходни изјави. Во објавата на X во средата, тој напиша: „По дополнително размислување, сфаќам дека не сум нацист“.
Сепак, многумина не се убедени дека Канје навистина се предомислил. Еден корисник на X напиша: „Канје Вест може не е нацист, но тој е очигледно очаен за внимание. Зошто едноставно не го игнорирате овој кретен како што тој заслужува“.
Профилот на Канје на X претходно беше деактивиран поради неговите антисемитски објави, но подоцна повторно се појави, со предупредување за „чувствителна содржина“ за корисниците кои се обидуваат да пристапат на страницата без најавен профил.
Предупредувањето гласи: „Внимание: овој профил може да содржи потенцијално чувствителна содржина. Го гледате ова предупредување затоа што корисникот објавува потенцијално чувствителни слики или говор. Дали сакате да продолжите да гледате?“ Повеќето од контроверзните објави на Канје беа избришани по неговото враќање на платформата, но не е јасно дали раперот самиот ги избришал.
Многумина се револтирани што му беше дозволено да се врати на платформата.
„Не бев ни онлајн, а потоа дознав дека Канје се вратил на Твитер… Денот не можеше да биде полош“, напишал еден корисник. Друг праша: „Дали Канје се врати??
За време на својот расистички испад, Канје ја спомна и сопругата Бјанка Ценсори, тврдејќи дека има контрола над неа. Покрај тоа, тој го пофали Диди и навести за соработка на модна колекција со моментално уапсениот основач на Bad Boy Records.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
