
Ќерката на Моника Белучи во нова серија на „Нетфликс“: глуми со своето момче
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 11 Март 2025

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева (21), на црвениот тепих се појави со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани.
Младиот пар ја промовира серијата „Леопард“ на „Нетфликс“, во која и двајцата глумат, а штом се појавија пред камерите, го привлекоа целото внимание.
Младиот пар позира самоуверено, а корисниците на социјалните мрежи коментираа дека ги потсетуваат на мајката и таткото на Дева во нивните млади денови.
„Пред две години поминавме шест месеци оживувајќи го ‘Леопард’ не само како приказна туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, за историјата и за неверојатните луѓе. Но, среде сето тоа, запознав некој што стана мое сидро на ова патување…“, напиша Дева претходно покрај фотографиите од неа и Саул на сетот.
Врската ја потврдија во 2023 година.
Дева Касел веќе полека го освојува модниот свет. Таа неодамна прошета на пистата за престижниот бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколкупати ги красеше насловните страници на познатите списанија. Таа е едно од лицата на модната куќа D&G и веќе има носено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Таа оваа година сними и реклама за овој бренд.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
