Оваа боја на коса ќе биде хит на пролетта и одговара на сите

Ни претстојат убави месеци и пролетта обично е вистинско време да го промените вашиот имиџ, а една фризура веќе се издвои од останатите и се повеќе се бара.

Во пресрет на новата пролет, се појави нова верзија на омбре фризурата. Станува збор за понежна и суптилна варијанта која веќе ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи, а се повеќе е барана во фризерските салони.

Името „сомбре“ доаѓа од „софт омбре“ и совршено ја опишува оваа техника. Додека омбре носи појасен премин од потемни кон посветли тонови, „сомбре“ е нежна, постепена промена на бојата што дава впечаток на природно осветлување на косата, исто како што косата малку осветлува на летното сонце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emeç yerlitaş (@emecyerlitass_)

 

Идеален избор за пролет
Со доаѓањето на потоплите денови, сите ние го сакаме тој исончан, опуштен изглед како само што да сме дошле од плажа – а „сомбре“ ни го дозволува токму тоа. Оваа техника дава впечаток на природно осветлена коса, како сончевите зраци нежно да си ја завршиле работата. Плус, „сомбре“ лесно се одржува, што значи помалку посети на фризер.

Друга позитивна работа е фактот дека „сомбре одговара на сите. Изгледа одлично на средна и долга коса, а можете да го прилагодите на тонот на вашата коса – без разлика дали сте бринета, русокоса или црвенокоса. Оваа техника е особено погодна за оние кои сакаат промени, но не се подготвени за драстични потези.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by V/X Hair Studio By Laura Leon (@vx_hairstudio)

 

Одржување на „сомбре“
Друга причина зошто „сомбре“ е толку популарно е лесното одржување. Бидејќи коренот на косата е оставен во нивната природна боја, растот е речиси невидлив.

Сè што треба да направите е редовно да користите хранливи маски за да го одржите сјајот и здравиот изглед на вашата коса. Исто така, се препорачува да се користи шампон без сулфат за да се задржи бојата свежа што е можно подолго.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.