Магијата на Ана и Бастијан инспирира милиони, таа ги остави сите свои бурни љубови поради него

Познатата спортска двојка Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер го привлекоа вниманието и на германската и на јавноста во регионот кога ја почнаа својата љубовна приказна. Сега многумина останаа шокирани од веста дека изгледа дека нивниот брак не функционира добро и дека, најверојатно, се разведуваат.

 

Германскиот фудбалер пред Ана ја сакаше познатата манекенка Сара Бранднер, седум години беа во врска, а кога сите очекуваа свадбени ѕвона, Швајнштајгер беше фотографиран како се држи за рака со Ана Ивановиќ.

 

Како почна нивната љубовна приказна?

За ова зборуваше дури и српскиот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ во интервју за германски „Билд“.

„Мојот пријател Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ се во емотивна врска, ги запозна мојата ќерка Ивана, нека се сакаат и нека се држат за рака“, изјави Кари.

Очигледно нивната прва средба не поминала баш според очекувањата токму поради тоа што Бастијан бил во среќна врска, но на крајот не можел да му одолее на шармот на убавата Србинка.

Германските медиуми на почетокот на нивната врска не ѝ приредија баш љубезен пречек на српската тенисерка, со оглед на тоа што Бастијан и Сара важеа за еден од најомилените парови во оваа земја. Тие напишаа дека Ана му ја раскинала врската, но набргу се предомислија и се заљубија во познатата тенисерка, која веќе му стана сопруга на Бастијан.

Тие организираа венчавка од бајките во Венеција, токму таму каде што Џорџ Клуни го кажа судбоносното „да“, а нивната церемонија беше покриена од повеќе од 200 медиуми.

За првата брачна ноќ тие резервираа луксузен апартман наречен Alcova Tiepolo Suite, кој чини 4.950 евра од ноќ.

Ана пред Бастијан имаше интересен љубовен живот, а ја поврзуваа со неколку големи ѕвезди.

Таа наводно првин била со тенисерот Томи Робредо, а потоа го оставила за Фернандо Вердаско, исто така тенисер, но и таа врска не траела.

Ана ја поврзуваа и со голферот Адам Скот, но и со Марко Стилитано.

Веста за потенцијалниот развод сега шокира многумина бидејќи тие двајца со години се еден од најхармоничните парови на јавната сцена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.