
(Видео) Ја интервјуира Џенифер Лопез на улица, без да знае која е таа: „ѝ го сруши егото за две минути“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 17 Април 2025

Тиктокерот Кан стана вирален откако ја интервјуираше Џенифер Лопез на улица, а она што најмногу привлече внимание не беше само средбата со познатата пејачка и актерка, туку тоа што не ја препозна.
Додека поминувал покрај неа, инфлуенсерот спонтано и упатил комплименти за нејзиниот стил на облекување, а потоа ја запрел и ја прашал што работи. Таа за момент се изненадила пред да одговори дека е пејачка. Секако, корисниците на „Тик-ток“ забележале како Џенифер била целосно збунета од ситуацијата.
Сите детали од таа средба беа објавени во видео кое е прегледано речиси 10 милиони пати, а тиктокерот и постави уште неколку прашања на Џенифер Лопез. Освен што ја прашал што работи за живот, тој ја прашал и како се вика, што ѕвездата уште повеќе ја изненади.
Инфлуенсерот потоа ја праша Џенифер што сака во нејзината работа, а таа одговори дека сака се во врска со тоа. Интервјуто не заврши тука – следното прашање беше што ја мотивираше да го избере овој пат во кариерата, на што Лопез одговори: „Тоа е само нешто што морав да го направам“. Потоа ја допреа темата самодоверба, а Џеј Ло го сподели својот совет.
На крајот од интервјуто, тиктокерот ја праша Џенифер кој е најдобриот совет што го добила, а таа откри дека нејзината мајка и рекла: „Работи напорно и биди добра личност“.
На многумина им беше смешно што во еден момент покрај нив поминаа девојки и почнаа да ја викаат, а таа со насмевка ги поздравуваше. Ниту во тој момент тиктокерот не претпоставуваше дека е голема ѕвезда.
Во коментарите под видеото се крена голема дебата – едни напишаа дека е очигледно дека само се преправа и има намера да ја испровоцира, а други излегоа во негова одбрана. „Можеби човекот навистина не знае која е таа“, напиша некој.
„Овој тип го тестира нејзиното трпение. Навистина многу се трудеше да биде учтива“, „Беше изненадена, но сепак го продолжи разговорот“, „Нејзиниот говор на телото вели дека е многу навредена“, „Тој ѝ го сруши егото за две минути“, „Ова е најдоброто нешто што сум го гледал во изминатиов период“, беа коментарите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
