
Џастин Балдони направи изненадувачки потег: среде кавга со Лајвли, ја затвори својата фондација
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 08 Мај 2025

Џастин Балдони направи неочекуван потег среде правна битка со Блејк Лајвли. Тој одлучи да ја затвори својата добротворна фондација, Wayfarer Foundation, која го дели името со неговото продуцентско студио.
Самата фондација ја потврди веста преку својот Инстаграм профил. „Со едногласна одлука на одборот на директори, денес го започнавме процесот на затворање на фондацијата. Ќе ги почитуваме сите постоечки обврски додека полека ги намалуваме операциите во текот на следните неколку недели“, напиша Стив Саровиц, коосновач на фондацијата.
Лајвли првпат ја поднесе тужбата во декември минатата година, тврдејќи дека Балдони започнал „клеветничка кампања“ против неа поради тензиите на снимањето на филмот „It Ends With Us“ и дека тој сексуално ја вознемирувал. Балдони возврати со контратужба за клевета од 400 милиони долари против Лајвли, Рејнолдс и „Њујорк тајмс“, кој објави обемна статија за нејзините тврдења.
Претходно, имаше информации дека Тејлор Свифт и Хју Џекмен ќе бидат повикани да сведочат на судењето меѓу Балдони и Лајвли, кое е закажано да започне на 9 јуни следната година. И Свифт и Џекмен претходно беа вклучени во драмата меѓу актерите, но сега наводно би можеле официјално да бидат повикани на суд.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
