All for Joomla All for Webmasters

„Пивофест 2018" од 12 до 15 јули

„Пивофест 2018"

Прилеп ги почна подготовките за една од најголемите летни манифестации „Пивофест“ која годинава по 16 пат ќе се одржи од 12 до 15 јули.


Во организационите подготовки се вклучени сите надлежни служби во градот: јавните комунални претпријатија, противпожарната единица, службата за итна помош, редарите, а помошта ќе биде голема и од полицијата. Годинава од буџетот на општината се одвоени 2,5 милиона денари, цената на паркирањето за еден фестивалски ден е преполовена, од 100 на 50 денари на барање на посетителите од другите градови. За младите и сите со авантуристички дух, и годинава на располагање ќе им биде кампинг-просторот во Паркот на револуцијата и сите ќе добиваат топли напитоци. Очекуваме голем број гости, туристичка промоција на Прилеп и одлична летна забава на фестивалот на кој ќе се дегустираат повеќе видови пиво и вкусна скара.


На 29 локации во центарот на Прилеп, на површина од пореку 4 000 метри квадратни ќе бидат поставени штандовите, а досега се ангажирани повеќе од половината локации.


На првиот фестивалски ден, на отворањето, в четврток на 12 јули, ќе настапат Дани, Тони Зен и Цајковски. В петок на програмата се: Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел од Грција. на третиот фестивалски ден, в сабота, ќе настапат: Фортисимо бенд, некстајм, Џенан Лончаревиќ и познатата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Последната фестивалска вечер, в недела, гостите ќе ги забавуваат: Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ и фолк-ѕвездата Шабан Шаулиќ.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.