Тејлор Свифт добива смртни закани

Познатата пејачка Тејлор Свифт, конечно, издејствува судска забрана за приоѓање обожавател кој ја следи веќе две години  ѝ испраќа заканувачки писма.

 

Ерик Свабрик (26) во писмата што ги испраќа од 2016 година напиша навистина ужасни работи, пишува „Дејли мејл“.

 

„Сакам да ја силувам Тејлор Свифт. Јас знам дека таа е мојата сродна душа и тоа е причината зошто ја мразам”, „Научив да го потиснам чудовиштето во себе, но наскоро ќе станам одговорен за себе и не постои друг логичен заклучок освен смртта”, „Јас нема да се двоумам да те убијам, и не постои ништо што ти, адвокатот или полицијата можат да направи во врска со тоа. Запомни кој сум јас”, пишува тој, меѓу другите нешта.

 

Пејачката овие писма толку ја вознемируваат што таа е во постојан страв и стрес, а нејзините адвокати сметаат дека заканите се многу реални и дека тој ќе се обиде да ги оствари.

 

Судијата веднаш издаде забрана за приод и контакт со пејачката, а на лудиот обожавател му е забрането да се приближи до нејзината куќа.

 

Ова не е првпат Тејлор да ја прогонува манијак. Минатиот месец полицијата уапси маж кој се обидел да влезе во нејзината куќа, носејќи маска и гумени ракавици. Тој носел нож, куршуми и јаже, додека во неговиот автомобил пронашле уште маски, куршуми, дрога и психијатриска документација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.