Ријана ја промовираше својата козметичка линија Fenty Beauty

Ријана е на промотивна турнеја низ светот за својата козметичка линија Fenty Beauty, која ја лансираше во 2017 година.

 

30-годишната пејачка и бизнис дама присуствуваше на неколку настани во Сиднеј, Австралија, каде се појави во два мини фустани.

 

За годишниот настан на Fenty Beauty организиран од Ријана во „Overseas Passenger Terminal“, Ријана избра мини фустан, капа, чантичка и чевли од Версаче со змиски принт. Својот стајлинг таа го комплетираше со накит од Шопард.

 

Подоцна, славната музичка ѕвезда се пресоблече во розово фустанче и посети продавница на Sephora.

 

Ријана имаше можност да нашминка неколку од гостите и да се поздрави и фотографира со насобраните фанови пред продавницата. Линијата на Ријана е создадена со ветување за инклузија на сите жени без разлика на бојата на кожата.

 

Пудрата од Fenty Beauty има 40 различни нијанси и е прогласена за едно од најголемите иновации за 2017 година од страна на списанието Time. Козметичките производи од оваа линија се продаваат во 15 земји низ светот.

 

Само во првиот месец од лансирањето Fenty Beauty продаде производи во вредност од 72 милиони долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.