Меган Маркел откри дека е бремена во шестиот месец

Меган Меркел, за сите обожаватели на британското кралско семејство откри дека е бремена во шестиот месец и дека со сопругот, принцот Хари се уште не го знаат полот на првото дете, пренесоа агенциите.

 

Поранешната американска актерка се омажи за принцот Хари во мај 2018 година. Во октомври тие соопштија дека оваа пролет очекуваат бебе, без да споменат детали. Во разговор со жена од присутните, при нивната посета во градот Беркенхед, Северна Англија, 37-годишната Меган и кажала дека е во шестиот месец. Така таа неофицијално потврдила дека следниот член на британското кралско семејство се очекува да се роди во април.
Меган и Хари не знаат дали седмиот кандидат за британската круна ќе биде момче или девојче. Тоа ќе биде "изненадување".

Посетата во Беркенхед е првото заедничко појавување на брачната двојка оваа година. Тие учествуваа во церемонијата за откривање на споменик подигнат по повод 100-годишнината од смртта на поетот од Првата светска војна, Уилфред Овен, а потоа ги посетија локални организации.
Локалната жителка Хелен О'Тул, мајка на седум деца, изјави дека Меган побарала од неа совет за раѓањето: "И кажав: "Дишете и земете се што ќе ви понудат", а таа само го погали својот стомак и се насмевна".






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.