ЖЕЉКО ЈОКСИМОВИЌ ПРВ ПАТ ПРОГОВОРИ ЗА НОВАТА ВИЛА! Пејачот открива од каде им се парите за куќата

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ прв пат во медиумите продовори за купувањето на вилата на  Сењак но открива дека сопругата Јована едно време против идејата да се преселат во куќата.

 

"Купивме куќа на Сењак. Јована претходно беше против тоа, но се покажа дека можеме да ги продадеме нашите два стана и со некој кредит, ние веќе како големо семејство да се сместиме во таков некој голем простор. Ние, исто така имаме и двор и среќен сум поради тоа, изјавил Жељко.

 

Да потсетиме, како што медиумите веќе пишуваа Жељко и Јована, одвоија околу 2,5 милиони евра за вилата.

 

"Куќата е огромна и се е средено на начинот како што тие сакаат, мебелот пристигна и се е спремно за вселување. Коста, Срна и Ана ќе имаат свои соби, а исто така и Мина, ќерката на Жељко од првиот брак. Исто така постои и простор за дадилка, и не може да се каже дали куќата е поубава на внатре или надвор. Јована беше најмногу импресионирана од огромниот  двор, затоа што децата слободно ќе можат да играат и да уживате, а бидејќи има голем базен, не постои сомнеж дека децата ќе уживаат ", открива  извор за Свет.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.