Алиша Кис ќе ги води наградите Греми

Музичката Академија и телевизијата CBS официјално најавија дека 15-кратната носителка на наградите GRAMMY, Алиша Кис, ќе ја води церемонијата на 61-те годишни музички награди GRAMMY Awards.

 

За прв пат светски пејач и композитор ќе ги води наградите, а церемонијата ќе се одржи во "Стејплс Центар" во Лос Анџелес на 10-ти февруари, 2019 г.

"Знам какво е чувството на оваа сцена и ќе го дадам потребното расположение и енергија. Исклучително сум возбудена што ќе ја водам церемонијата во најзначајната за музиката вечер во која ја одбележуваме креативноста, моќта и магијата. Особено сум горда со номинациите на сите неверојатни жени во музиката оваа година", вели Алиша Кис.

"Алиша е меѓу ретките уметници кои се комбинација на  вистински музички гениј со релевантни емоционални текстови. Несомнено, нејзиното присуство на сцената ќе направи од вечерта едно многу посебно шоу во февруари" - вели извршниот продуцент на наградите GRAMMY.

Алиша Кис е 15-кратна носителка на наградите Греми, пејачка, текстописец, музичар, продуцент, актерка и активистка. Таа е наградена од New York Times за најдобро продаван автор, филмски и телевизиски продуцент, како и продуцент на неколку мјузикли на Бродвеј.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.