Пензионерка ја нарече Меган Меркел "дебела дама" (ФОТО)

Коментар на непознат за нечиј голем стомак не секогаш би се прифатил добро, но бремената Војвотка на Сасекс, Меган беше многу смирена кога пензионерка ја нарече "дебела лејди", пренесоа светските агенции.


Сопругата на принцот Хари, која оваа недела кажа дека е бремена во 6-тиот месец, се пошегува за забелешката, опишувајќи ја како комплимент за  нејзиниот стомак.

Војвотката од Сасекс беше во посета на хуманитарната организација за благосостојба на животните "Mayheu", на која е патрон. Меган беше претставена пред пензионерите кои имаат корист од терапевтски програми на организацијата, кога постара жена по име Пеги имаше необичен пристап, свртувајќи се кон членот на кралското семејство. "Душо лејди, нека Господ ве благослови. Вие сте дебела лејди", рече Пеги, гледајќи со насмевка кон стомакот на Меган.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.