Кремиран Карл Лагерфелд

Согласно волјата на светската ѕвезда на високата мода Карл Лагерфелд, кој почина во вторникот на 85-годишна возраст, неговите посмртни останки беа кремирани во Франција, соопшти списанието "Клоузер".

 

Кремацијата се одржала во Нантер, во близина на Париз, во присуство на десната рака на дизајнерот Виржини Виар, кој ќе го наследи како креативен директор на колекциите на "Шанел". На тажната церемонија присуствувале и генералниот директор на компанијата LVMH Бернар Арно и принцезата Каролина Монакска.


Уште додека беше жив Карл Лагерфелд тврдеше низ хумор дека би "сакал да умре пред да го закопаат". Дизајнерот постојано ја кажувал желбата да биде кремиран по неговата смрт.

Според последната волја на Лагерфелд неговата прав беше измешана со таа на Жак де Басер, неговата голема љубов, кој почина од СИДА во 1989 година.



 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.