Почина музичарот Скот Вокер

Пејачот и текстописец Скот Вокер, едeн од члeновите на поп-рок бендот „Вокер Брадрс", почина на 77 години, соопшти денеска британската издавачка куќа 4АД.

 

Вокер е роден во САД како Ноел Скот Енџл. Од 1970 година живее и работи во Велика Британија. Се прослави во групата „Вокер Брадерс”, со низа хитови во САД и посебно во Велика Британија во 1960 година. Нивни најпознати песни се: „Make It Easy on Yourself”, „The Sun Ain’t Gonna Shine (Anymore)”, „My Ship is Coming In” и други.

 

Вокер важеше за една од највлијателните личности во областа на поп-рокот.  Познавачите сметаат дека влијаел на многу музичари, од Дејвид Боуви до Џо Кокер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.