Ким Кардашијан ќе стане адвокат

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан ќе стане адвокат и во моментот спроведува стажирање во адвокатска фирма, објавија агенциите.

 

38-годишната славна ѕвезда која има 134 милиони следбеници во Instagram, се надева дека ќе добие адвокатска диплома во 2022 година.

 

Кардашијан се одлучи за правната наука откако му се обрати на американскиот претседател Доналд Трамп за помилување на Алис Мари Џонсон. 63-годишната Џонсон беше зад решетки 20 години и беше осудена на доживотен затвор поради организирање трговија со дрога.

 

Една недела по средбата со Кардашијан, Трамп ја помилува затвореничката на почетокот на 2018 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.